Новости
понеделник, 21 декември 2015 13:08
Секретаријатот за европски прашања во соработка Амбасадата на Франција во Скопје и Министерството за локална самоуправа, на 17 и 18 декември 2015 г. организираше активност за зајакнување на административните капацитети на овие две институции во поглед на координацијата и управувањето со програмите за прекугранична соработка.
Оваа активност е дел од поддршката што Франција во период од повеќе години ја дава на македонските институции во однос на процесот за европска интеграција и усвојување на правните придобивки на Европската унија.
Во тие рамки, се одржа конференција која му овозможи на францускиот експерт, Господинот Жан-Лик Фрес, одговорен за координирање на програмите за соработка коишто се во надлежност на Франција, да ги размени своите искуства со соодветните служби од Министерството за локална самоуправа.
„Амбасадата на Франција во Скопје го поддржува Секретаријатот за европски прашања во неговата улога за координација на фондовите за претпристапна помош (ИПА) и процесот на европска интеграција, преку развој на флексибилни и реактивни форми на соработка. Присуството на францускиот експерт непосредно до Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, со советодавна улога при Владата на Република Македонија за овие области, помага брзо да се идентификуваат и да се одговори на потребите на македонските власти. Франција, како во минатото, така и сега, продолжува со оваа соработка, придонесувајќи за реализација на европските перспективи на земјата”, изјави Вршителот на должност при Амбасадата на Франција, Господинот Доминик Готје.