Новости
петок, 11 декември 2015 14:20
Заменик претседателот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, Шефот на Делегацијата на ЕУ, Аиво Орав и Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, официјално го најавија почетокот на програмата на ЕУ за санирање штети од поплавите.
„Денес, потпишавме спогодба за финансирање која претставува прв пакет од 10-те милиони евра од Програмата на ЕУ за санирање штети од поплавите. Овие први 3 милиони евра ќе бидат искористени за реконструкција на уништените патишта во погодените области, со оглед на важноста на транспортната инфраструктура за секојдневниот живот на граѓаните. Но , поддршката од ЕУ не запира овде. Дополнителни 7 милиони евра наскоро ќе бидат обезбедени за надминување на штетите во водостопанската инфраструктура“, рече Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на ЕУ.
„Во 2015 година, нашата земја беше погодена од поплави кои предизвикаа сериозни штети- загуби на човечки животи и штети на транспортната и водоводната инфраструктура. Потпишувањето на оваа спогодба е уште еден доказ за поддршката која ја добиваат нашата земја и граѓаните од Европската унија.“ изјави Заменик претседателот задолжен за европски прашања.
„УНДП има задоволство да го спроведува овој проект во име на Европската унија", изјави постојаниот претставник на Луиза Винтон. „Една од нашите силни страни во оваа земја е управувањето со водниот слив, и ќе ја обновиме оштетената патна и водоводна инфраструктура на начин на кој ќе се унапреди отпорноста и ќе помогне да се спречат идни поплави. Нашата работа овде е „да изградиме подобро“.
Во 2015 година, над 170.000 луѓе беа погодени од големи поплави кои предизвикаа големи штети на патишта, мостови и водостопанската инфраструктура, прекинување на транспортот и економските активности низ целата земја.
Европската унија и помага на земјата и на нејзините граѓани во надминувањето на последиците од поплавите, преку обезбедување на 10.000.000 евра во текот на наредните две години за решавање на врвните приоритети за се реконструирање и да се реконструираат транспортната и водоводната инфраструктура во најпогодените области во согласност со начелата на одржливост „да се изгради подобро".