Новости
среда, 09 декември 2015 15:22
Секретаријатот за европски прашања во соработка со германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ организираше работилница посветена на 10 циклус на ревизијата на НПАА. На работилницата учествуваа околу 140 претставници од релеватните министерства и други институции во периодот од 1 до 4 декември 2015 во Охрид.
Воведно обраќање пред присутните членови на НПАА работни групи, претставници од сите министертсва и институции, вклучени во процесот имаше Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Ана Блажевска.
НПАА претставува единствена рамка на планирање, мониторинг, известување и управување со процесот на европска интеграција. Само како интегрална рамка на структури и процеси, може да го задржи континуитетот на процесот, и да ги одржи капацитетот на координативните структури. Тука се вмрежуваат ЕУ приоритетите со нашите национални приоритети.
НПАА е заедничка визија на администрацијата на сите нивоа, и заеднички план за напредокот во процесот на интеграција.