Новости
понеделник, 07 декември 2015 16:12
Секретаријатот за европски прашања денес, го одржа вториот и последен состанок за оваа година на Националниот инвестициски комитет (НИК). На состанокот свое обраќање имаа вицепремиерот задолжен за европски прашања г. Фатмир Бесими, вицепремиерот и министер за финансии г. Зоран Ставревски , евроамбасадорот Н.Е. г. Аиво Орав, министерот за транспорт и врски г. Владо Мисајловски. Присутни на состанокот беа амбасадорите на Европската Унија, високи претставници од меѓународните финансиски институции, билатерлните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Република Македонија.
На состанокот од страна на присутните беа разгледани секторските проектни листи од секторите транспорт, животна средина, енергетика и социјала.
Во своето обраќање вицепремиерот Бесими зборуваше за значењето на Секторските проектни листи кои се од клучна важност во координирањето на странската помош и националниот буџет на Република Макеоднија во однос на проектите што се однесуваат на енергетско и транспортно поврзување на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Тој истакна дека четирите работни групи, транпсорт, социјала, енергетика и животна средина во изминатиот период имаат вложено голем труд се со цел да се дојде до консолидирана листа на инфраструктурни проекти. На овој начин, истакна Бесими ќе се обезбеди понатамошна ефикасна координација на развојните политики, преку подобро планирање и подобра алокација на средствата за транспортна инфраструктура и енергетска поврзаност.