Новости
четврток, 03 декември 2015 14:28
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со Михаел Тилен, Генерален секретар на фондацијата Конрад Адеауер и со регионалниот директор на фондацијата во Република Македонија г- дин Јоханес Раи.
За време на средбата соговорниците разговараа за досегашниот продонес на фондацијата во нашата земја и ги разгледуваа можностите за остварување на идна соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и фондацијата Конрад Аденауер.