Новости
четврток, 12 ноември 2015 15:23
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари прва официјална средба со новоназначенот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорка Нина Суомалаинен.
Вицепремиерот и честиташе на амбасадорка Нина Суомалаинен за нејзиното именување за шеф на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја посакувајќи и успешен мандат.
За време на средбата, Вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на претстојните предвремени парламентарни избори за иднината на земјата, но исто така и за одржување на препораката за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ, потребата да се испорачааат повеќе конкретни резултати во приоритетните реформски обласи, како и позитивната страна на измените и дополнувањата на Изборниот законик кои беа усвоени со консензус меѓу главните политички партии.
Вицепремиерот Бесими се заблагодари за поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја дава на македонските власти за спроведување на интегриран систем за образование и за градење на капацитетите на државните службеници во меѓународните демократски стандарди и принципи, а исто така помага со изборните реформи, обучува полициски службеници, и помага со процесот на реформи во судството.
За време на разговорот Вицепремиерот Бесими нагласи дека Извештајот за напредокот за 2015 година е објективен одраз на постигнатиот напредок во изминатата година и дава реална проценка на целокупната подготовка на земјата во исполнување на критериумите за членство во Унијата, а дава и јасни насоки за активностите кои треба да се преземат во наредниот период, во поглед на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети на Европската комисија.
Од страна на амбасадорката Нина Суомалаинен беа нагласени одредени аспекти од Извештајот за напредокот од Европската Комисија, особено оние кои се тесно поврзани со мандатот и активностите на Мисијата на ОБСЕ. Од страна на соговорниците беше дискутиран и Владиниот Акциски План за итни реформски приоритети, за што беше понудена поддршка и помош од страна на Мисијата на ОБСЕ.