Новости
вторник, 03 ноември 2015 13:12
Во пресрет на најавеното објавување, од страна на Европската комисија, на овогодинешната Стратегија за проширување и Извештајот за напредокот на Република Македонија, во просториите на Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа дебата на тема: „Очекувања, предизвици и следни чекори во евроинтеграциите“
Денешната дебата е дел од дебатниот циклус “ЕУ Разговори“ во организација на Секретарјатот на европски прашања, во насока на реализирање на ЕУ Агендата 2015, а со цел подобрување на квалитетот на дијалогот во процесот на пристапување во Европската Унија, водејќи се од начелата на инклузивност и трaнспарентност во своето работење.
ЕУ разговорите имаат за цел, преку отворена, стручна и конструктивна дебата, помеѓу различни општествени чинители на актуелни теми и прашања, да придонесат кон калибрирање на заеднички ставови, насоки и предлози кои може да водат кон решенија.
На дебатата учество земаа претставници на граѓанските организации кои дебатираа за своите очекувања од овогодинешната Стратегија за проширување и претстојниот Извештај за напредок на Република Македонија, како и за размислувањата и предлозите за нивен придонес и натамошна вклученост во процесот.