Новости
вторник, 27 октомври 2015 16:29
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска оствари средба со г-ѓа Кетрин Геринг пратеничка во германскиот Бундестаг и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер.
На средбата се разговараше за активностите и капацитетите на земјата за справување со големиот број на мигранти како и на брановите кои се предвидуваат да пристигнат како и за мерките кои се преземаат од наша страна. Бесими информираше за координативните состаноци со претставници на ЕУ, и на земји и организации донатори во Република Македонија каде една од темите на дискусија е и миграцијата и актуелната ситуација.
Тема на разговор на состанокот беа и последните случувања во земјата, во контекст на Евро-интегративниот процес, исполнувањето на потребните реформи како и политичкиот договор.
На крајот, Вицепремиерот Бесими ја изрази својата благодарност за директната поддршка која Република Македонија и Секретаријатот за европски прашања ја добива од Германија како многу важен стратешки партнер, преку канцелариите на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИЗ како и преку ИПА твининг проектот, конзорциум од три земји каде Германија е главен партнер, во соработка со Полска и Хрватска.