Новости
понеделник, 26 октомври 2015 18:00
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со г-ѓа Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и Централна Европа и Заедницата на Независни Држави.
На средбата се разговараше за мерките и активностите кои се преземаат во нашата земја, а во насока на справување со бегалската и мигранската криза како и за заклучоците од мини Самитот посветен на истата.
Вицепремиерот Бесими за време на разговорот истакна дека Македонија прави се што е во нашите можности и надлежности со цел соодветно справување со состојбата, пред се заштита на животот и здравјето на мигрантите, заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје, а особено во насока на сузбивањето на криумчарењето со мигранти и трговијата со луѓе.
Меѓу другото тој истакна дека на Македонија и е неопходна и понатамошна помош од страна на Европската Унија и билатералните партнери, во насока на што Секреатријатот за европски прашања организира Донаторски состаноци со меѓународната заедница.
Двајцата соговорници за време на разговорот ги поздравија заклучоците од мини Самитот и се согласија дека само со колективен прекуграничен пристап, базиран на солидартност, одговорност и прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да се постигне успех во справувањето со предизвикот.