Новости
вторник, 20 октомври 2015 16:21
Брисел, 20 октомври 2015 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски интеграции, Фатмир Бесими, денеска во Брисел оствари средби со првите луѓе во Директоратот за проширување на Европската унија, како и со еврокомесарот за образование Тибор Наврачич, на кои главна тема беше претстојнио прогрес-извештај на Европската комисија и очекувањата на Комисијата во однос на нашата земја. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, вицепремиерот Бесими потврди по овие средби дека имплементирањето на политичкио договор од 2 јуни/15 јули било главна тема, од што зависи и дали Еврокомисијата ќе додели седма последователна препорака за отврање на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија.
- На средбите со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон и со првиот човек за одделението за Македонија во овој директорат, Жан-Ерик Паке, главна тема е претстојниот прогрес-извештај. Очигледно е дека очекувањата во Брисел се големи за Македонија и за тоа земјата задолжително и ефикасно да работи на имплементација на политичкиот договор од 2 јуни, заедно со пакетот на реформи што треба да ги направи нашата земја. Целта е сето тоа соодветно да се рефлектира во претстојниот извештај и Македонија да биде пред Европскиот совет со уште една препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ и со извештај што ќе даде насоки за во наредниот период да се реализира агендата за проширување на ЕУ со натамошен прогрес на очекуваните реформи што се најзначајни за Република Македонија - посочи Бесими во изјава за МИА.
Според првиот човек за евроинтеграции на нашата држава, денешната енгова посета на европската престолнина, исто така беше и во однос на регионалната конференција што се организира во брисел за ИПА-фондовите што се наменети за повеќе држави и подобра координација во наредниот период.
- Исто така имав средба и со еврокомесарот за образование Тибор Наврачич каде што разговаравме во однос на политичките збиднувања во Република Македонија, но и за работите што се однесуваат за развојот на земјата и за улогата што во тој контекст ја има и образованието, односно искористување на програмите на ЕУ за поддршка на младите во однос на образованието - додава Бесими.
Заменик-претседателот на македонската Влада, денеска исто така го прнеел и договорот за одржување на Балканска конференција на министрите за евроинтеграции од регионот, а по објавувањето на прогрес-извшетаите на ЕК, што веднаш откако тоа ќе го стори неформалната Влада на Европската унија, ќе се одржи во Скопје.
- Всушност, сето тоа е дел од агендата, покрај редовните средби што ги имаме со комесарот за проширување Јоханес Хан и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, а тоа е да се среќаваме и со другите комесари, зависно од темите. Во таа насока е и денешната средба со комесарот за образование Наврачич - потенцира вицепремиерот Бесими.
превземено од МИА
Aвтор Б.Н.