Новости
среда, 23 септември 2015 14:49
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина г-дин Игор Црнадак.
На средбата се разговараше за последните случувања во земјата почнувајќи од постигнувањето на политичкиот договор, спроведувањето на нацрт планот на активности за реализација на итните реформски приоритети, Пристапниот дијалог на високо ниво кој се реализираше во Скопје минатата недела како и брифингот во врска со претстојниот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се одржа во Понеделник во Брисел.
Вицепремиерот Бесими и министерот Црнадак во текот на разговорите уште еднаш ги истакнаа добрите билатерални односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, регионалната соработка и изразија заеднички интерес за јакнење и продлабочување на истите преку конкретни активности и иницијативи.
Двајцата соговорници се согласија дека ЕУ и НАТО интеграцијата на државите од Западен Балкан, се потребни не само заради зголемена соработка во сите области од интерес на државите од регионот, туку и заради силната поддршка која ја имаат во реформските процеси во нашите општества кои мора да се забрзаат.