Новости
четврток, 17 септември 2015 12:19
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, на денешната средба му го честиташе именувањето на амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, г. Вилем Вутер Пломп.
Вицепремиерот Бесими на средбата со амбасадорот истакна дека Холандија е традиционално еден од најголемите поддржувачи на нашите Евро-атлантски интегративни аспирации, со особена поддршка во градењето на потребните капацитети на нашата администрација, како и на економскиот просперитет на земјата.
Дискусијата се фокусираше на активностите кои се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата, со посебен фокус на областите на судство, борба против корупција и организиран криминал, слобода на изразување, изборна реформа, фундаментални права и меѓуетнички односи како и во делот на економските критериуми. Во таа насока беше истакната и важноста на исполнувањето на обврските од политичкиот договор.
Во поглед на актуелната мигрантска состојба, Вицепремиерот Бесими ја потенцираше и потребата од активно вклучување на земјите од Западен Балкан во единствениот пристап на ЕУ кон мигрантската криза, бидејќи и Македонија е транзитна рута на мигрантите во регионот.