Новости
среда, 16 септември 2015 17:05
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Република Австрија во нашата земја, г-ѓа Ренате Коблер.
Вицепремиерот Бесими ја поздрави поддршката на Република Австрија за политиката на проширување и пристапувањето на земјите од регионот во Унијата.
Оваа поддршка беше потврдена и на неодамнешниот Самит за Западен Балкан кој се одржа во Виена.
Тој за време на разговорот ги потенцираше и клучните приоритети и спроведувањето на реформите од европската агенда, особено во областите на судство, борба против корупција и организиран криминал, слобода на изразување, изборна реформа, фундаментални права и меѓуетнички односи како и во делот на економските критериуми.
Воедно Бесими ја истакна и важноста од продолжувањето на конструктивниот политички дијалог и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Договорот од 2-ри јуни, анексот од 19-ти јуни и протоколот од 15-ти јули.
Во однос на актуелната состојба со мигрантите, вицепремиерот нагласи дека вклучувањето на земјите од Западен Балкан во единствениот пристап на ЕУ кон мигрантската криза е од суштинско значење, бидејќи земјите, вклучувајќи ја и Македонија, се транзитни рути за мигрантите и затоа е потребана и поддршката од Унијата.