Новости
вторник, 15 септември 2015 13:06
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Хрватска во нашата земја г-ѓа Данијела Баришиќ.
За време на разговорот беа истакнати и приоритетите кои се клучни во процесот на пристапување во Европската Унија, утврдени со Пристапниот дијалог на високо ниво, како што се: слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, добрососедските односи, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст и вработувањето.
Исто така на средбата беше истакната важноста на постигнувањето напредок во политичкиот дијалог како и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Договорот од 2-ри јуни, анексот од 19-ти јуни и протоколот од 15-ти јули.
Меѓу другото, Бесими истакна дека на Хрватска гледаме како на значаен партнер заедно со Германија и Полска за Твининг проектот „Понатамошно јакнење на координативните капацитети за процесот на европска интеграција“ кој е наменет пред се за јакнење на капацитетите на СЕП но и на другите институции вклучени во процесот на ЕУ интеграција.