Новости
среда, 17 јуни 2015 14:56
Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ го одржа дванаесеттиот состанок во Брисел на 17 јуни 2015 година.
На состанокот претседаваа г-ца Ана Блажеска, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и г. Жан-Ерик Паке, директор на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија.
Состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација заокружи циклус на секторски поткомитети кои се одржуваат под ССА од крајот на 2014 година. За резултатите од состанокот на Комитетот потоа ќе се извести Советот за стабилизација и асоцијација, кој ќе се состане на 20 јули 2015 година.
Комитетот за стабилизација и асоцијација го разгледа исполнувањето на политичките критериуми во изминатиот период, како и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).
Во поглед на континуираната политичка криза и политичкиот развој во изминатите месеци, прегледот на Комитетот за спроведувањето на реформите за пристапување се концентрираше на одредени области од правда и внатрешни работи, фундаментални права, вклучувајќи ги и слободата на медиумите и реформата на јавната администрација.
Во текот на состанокот беа дискутирани повеќе политички и економски случувања, а Комисијата ги презентираше итните реформски приоритети кои треба да се посвети внимание во наредните месеци.
Двете страни исто така расправаа и за можностите за понатамошно подобрување на работните структури за ССА и методи насочени кон насочување и подобрување на ефикасноста на тековниот дијалог.
17. јуни 2015 година