Извештаи
Национален Инвестициски Комитет (НИК) – Мандатот, улогите и одговорностите
координациската рамка и методологијата на НИК
НИК е составен од три нивоа кои ќе служат како основа за програмирање на сите достапни извори за финансирање (опфаќајќи ја национална ИПА и другите донатори).
Главните елементи врз кои е основан НИК се: (а) Сопственост, (б) Транспарентност, (в) Приоритизација и (г) Структурирано учество на ЕК и други меѓународни финансиски институции.
(а) Сопственост: Највисоката национална и политичка сопственост да се демонстрира преку периодична ратификација и доставување до релевантните тела (Делегација на Европска Унија (ДЕУ), Инвестициска рамка за западен Балкан (WBIF) и Меѓународните финансиски институции за понатамошно процесуирање на Единствената листа на (приоритизирани) проекти од страна на НИК.
(б) Транспарентност: Ресорните министерства треба да подготват Единствена секторска приоритетна листа на проекти. Потребно е методологијата да се применува при обработката на проектите, структурирано вреднување на поставените приоритети, одлуките донесени во процесот и во консултација со другите институции како што се Министерството за финансии, ДЕУ, Меѓународните финансиски институции итн.
(в) Приоритизација: постојат два вида на приоритизација. Првата приоритизација се прави на ниво на ресорните министерства, каде се приоритизираат проектите на Единствена секторска проектна листа. Втората приоритизација е на ниво на НИК и Министерство за финансии, каде списокот на проекти од Единствениот секторски список на проекти (од ресорните министерства) се спојуваат во Единствен список на проекти. Ова приоритизирање треба да биде во согласност со националните приоритети и приоритетите на ЕУ (рамковни спогодби, договори за партнерство итн.)
(г) Структурирано учество на ЕК и други меѓународни финансиски институции: Во НИК потребно е структурирано/ефикасно вклучување на ЕК и други меѓународни финансиски институции и тоа во двете фази: (1) во фаза на релативна зрелост на Единствената секторска листа на приоритизирани проекти од страна на ресорните министерства и (2) во фаза на ратификација на Единствениот список на приоритизирани проекти од стана на НИК, Министерство за финансии или Претседател на Влада.
Постојани членови на првото ниво НИК се:
Обврските на првото ниво на Националниот инвестициски комитет се:
Второ ниво – Техничка работна група на НИК, ќе биде основно креативно и оперативно тело, кое треба да го формулира, промовира и следи спроведувањето на секторскиот пристап во пракса.
Треба да биде составена од следните постојани членови согласно нивната позиција:
Техничката работна група на НИК треба да се состанува најмалку два пати годишно и до колку е потребно неколку пати во текот на годината.
Обврските на второто ниво НИК се:
Третото ниво на НИК треба да биде составена од работни групи за програмирање во секторите: транспорт, животна средина, енергетика и социјален сектор. Работните групи се од суштинско значење за оперативното спроведување на процесот на програмирање, креирање на секторските листи на проектите и ќе обезбедат повратни информации за повисоките нивоа.
Работните групи треба да се состануваат најмалку еднаш квартално и до колку е неопходно неколку пати во текот на годината.
Обврските на третото ниво НИК се:
Доколку е потребно, на состаноците на сите нивоа на НИК, можат да присуствуваат претставници на Делегацијата на Европската унија, на канцелариите на Европската банка за реконструкција и развој и Кредитната банка за реконструкција, претставници на Европската банка за инвестиции и Банката за развој со Советот на Европа, како и претставници на билатералните кредитори и донатори активни во Република Македонија.
За својата работа, Националниот инвестициски комитет треба да ја информира Владата еднаш годишно, не подоцна од крајот на Март во тековната година, за остварената работа во претходната година.
Првиот состанок на Националниот инвестициски комитет беше одржан на 29 Јуни 2015 година, кога пред високи претставници на Меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и останата донаторска заедница со постојана мисија во Република Македонија беа презентирани мандатот, улогата и одговорностите на координаторската рамка на НИК.
Вториот состанок на Националниот инвестициски комитет беше одржан на 7 Декември 2015.
Единствениот список на проекти беше презентиран пред Меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Република Македонија, по шест месеци работа и 18 работилници одржани од страна на секторските работни групи.
На 07.12.2015 година Владата на Република Македонија ја усвои Единствената листа на инфраструктурни проекти која можете да ја најдете на дадениот линк подолу.
Download document: Project Table (PDF)