Новости
среда, 27 мај 2015 16:44
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, престојува во дво-дневна работна посета на Париз, Франција.
Во рамки на посетата на Француската Република Вицепремиерот се обрати на одбележувањето на Меѓународниот Весак ден на УНЕСКО и оствари средба со г-дин Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР, и со Директорот на Европската унија во Министерството за надворешни работи г- дин Пјер Леви. За време на средбата беа дискутирани актуелните теми, предизвици и случувања во поглед на политичката состојба во Република Македонија и значењето од што поскоро проширување на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан од аспект на постигнување на поголема безбедност, стабилност и просперитет во регионот.
Во своето обраќање во УНЕСКО на тема: “Негување на мирот во светот низ културното образование“, Вицепремиерот Бесими истакна дека исказот на Буда дека „Преку нашите мисли го создаваме светот„, е со моќна порака.... А зарем постои подобар начин да ги оформиме нашите мисли освен преку образованието, меѓукултурниот дијалог и транскултурното разбирање..., каде учиме дека треба да градиме не само географски туку и силни духовни мостови помеѓу луѓето, каде учиме да ги прифатиме другите и за возврат да ја прифатиме нашата улога во изградбата на мирот. Едноставно треба да делуваме обединети за да се справиме успешно со предизвиците со цел воспоставување на траен мир.
Одбележувањето на Меѓународниот Весак ден претставува културен, религиозен и хуманистички настан, кој од 2000-та година се одбележува во седиштето и регионалните канцеларии на Обединетите Нации, со гости од повеќе од 35 држави во светот, кој цели кон развој на свет во кој владее обединетост, правда и мир.