Новости
петок, 22 мај 2015 13:02
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес, престојува во еднодневна работна посета на Тирана, Република Абанија, каде ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите - членки на “Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на Годишното Собрание на Советот за Регионална Соработка (RCC). И двете иницијативи се во насока на зајакнување на евро-атлантската перспектива во регионот на Југоисточна Европа и обезбедување на траен мир и развој.
Целта на Процесот за соработка на ЈИЕ е јакнење на политичката, безбедносната, економската соработка, како и интензивирање на соработката на земјите од регионот во доменот на демократијата, судството, човековите права и борбата против илегалните активности.
ПСЈИЕ цели преку јакнење на добрососедските односи и обезбедување на мир во регионот да им овозможи на земјите кои се стремат да станат членки на ЕУ и НАТО побрзо приближување кон истите.
Средбите на министрите претставуваат главен форум за консултации, насочување на соработката и унапредување на целите на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.
Состанокот ќе послужи како платформа за размена на мислења за актуелната состојба во регионот и нивото на соработка во Југоисточна Европа. На агендата на состанокот ќе се најде извештајот за спроведените активности согласно зацртаните приоритети на албанското претседателство со ПСЈИЕ.
Во рамките на Годишното собрание на Советот за регионална соработка се усвои годишната програма за работа за наредниот период во насока на зајакнување на регионалната соработка и меѓусоседските односи, вклучително и иницијативи за конкретни регионални проекти.
Во рамки на посетата Вицепремиерот Бесими се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Албанија, г-дин. Дитмир Бушати.
Од страна на соговорниците беа дискутирани моменталната политичка состојба и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, како и за напорите што се прават со започнатиот политики дијалог. Воедно беше истакната важноста од континуирано продолжување на соработката и поддршката помеѓу двете земји во насока на што поскоро исполнување на европските стандарди и членство во Европската Унија, што ќе придонесе кон подобра иднина, мир, стабилност, економски развој и напредок, во двете земји и регионот.