Новости
четврток, 07 мај 2015 14:32
На 7 мај во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа шестиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ-РЈА) помеѓу Европската Унија и Република Македонија.
Специјалната група за реформа на јавната администрација се воспостави на Седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, одржан на 3ти и 4ти јуни 2010 година во Скопје. Состаноците на групата се одржуваат два пати во текот на годината, на секои шест месеци и од воспоставувањето на групата досега се одржани пет состанока. Од 2012 се воспостави практиката Специјалната група за реформа на јавната администрација да се состанува еднаш годишно.
Претседавач со Специјалната група е министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, а за заменик претседавач е заменик министерот за информатичко општество и администрација г-ѓа Марта Арсовска Томовска.
На состаноците на Специјалната група за реформа на јавната администрација се разговара за напредокот во реформите во администрацијата како и новите закони и подзаконски акти кои ја опфаќаат администрацијата и начинот на нејзино работење, а на овој, шести по ред состанок, акцентот е ставен на двата нови закони Закон за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор.
Специјалната група е првоформирана во регионот и најстара по своето делување и претставува позитивен пример и за другите земји кандидати за членство во ЕУ.