Новости
петок, 17 април 2015 14:53
Во просториите Секретаријатот за европски прашања се одржа третата по ред дебата од дебатниот циклус ЕУ Разговори, кој претставува дел од ЕУ Агендата која Секретаријатот ја реализира во 2015 година.
Дебатата беше на тема “Еднаквост помеѓу мажите и жените, перспективи и предизвици“.
За прв пат во дебатите ЕУ Разговори беше повикан реномиран гостин од Европската Унија, претставник на Европскиот Парламент, поточно на присутните на денешната дебата им беше укажана можност да разменат мислења со г-ѓа Ана Заборска, долгогодишен европратеник и член на Комитетот за женски права и родова еднаквост.
На денешниот настан свои излагања имаа претставници на граѓанскиот сектор, Собраниската Комисија за еднакви можности, Амбасадорот на Франција г-ѓа Оер, претставници на Министерствата, Претседателката на Сојузот на Стопански Комори на Македонија, универзитетски професори и претставници на Модел европски парламент – Македонија.
На дебатата свое воведно обраќање имаше заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Бесими, а истата беше водена од страна на Државниот Секретар во Секретаријатот за европски прашања, г-ѓа Блажеска.
Од страна на присутните беше искажана битноста од почитувањето на родовата еднаквост и важноста која и се придава на темата во Република Македонија, во Европската унија и земјите членки.
Беа истакнати значителниот број на регулативи кои се донесени до сега и нивното значење, исто така беше истакната и потребата од понатамошна работа и подобрувања особено во делот на борба со предрасудите, носење на мерки за зголемување на средствата кои ќе придонесат кон институционално и економско јакнење на жената, зголемување на процентот на жени носители на раководни позиции, зголемување на учеството на жените во политичкиот живот, унапредување на условите за постигнување на баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на жената, борба со семејното насилство како и потребата од прикажување на жената во поинаква приказна од страна на медиумите.
Секретаријатот за европски прашања ќе продолжи со дебатниот циклус ЕУ Разговори се цел постигнување на поголема транспарентност и инклузивност на процесот на европска интеграција на Република Македонија.