Новости
четврток, 09 април 2015 15:23
Во рамки на тродневната посета на Република Франција, Државниот секретар Ана Блажеска, денес (9.4.2015 г.) имаше обраќање на пленарната седница на Собранието на Регионот Долна Нормандија, Каен, Франција.
Државниот секретар Блажеска го истакна значењето и важноста на децентрализираната соработка меѓу Република Македонија и Регионот на Долна Нормандија. Преку оваа соработка меѓусебно се поврзани голем број на различни општествени чинители (централни и локални институции, невладини организации). Опфатени се, исто така, и голем број на теми кои се од значење за Република Македонија и институциите кои работат на интегративниот процес.
Понатаму, во обраќањето на Државниот секретар Блажеска се изразува голема благодарност до Регионалниот совет на Долна Нормандија за досегашните заложби и се потенцираше посветеноста која ја имаат двете страни во насока на развивање на односите. Развивањето и зацврстувањето на соработката ќе значи нови проекти и зголемена европска димензија на соработката како и нови можности за двете страни да изградат и споделат заеднички европски вредности.
Во иднина се отвораат можности за нова унапредена соработка во која Секретаријатот за европски прашања би се вклучил преку својата координативна улога во процесот на европски интеграции како и преку искористувањето на можностите од различните европски фондови кои се отворени за Република Македонија. Искуствата кои се досега стекнати даваат постулат за понатамошно црпење и размена на искуства кои би биле од витално значење во процесот на интеграција на македонското општество воопшто.
Блажеска нагласи дека овој вид на соработка претставува прва и уникатна според карактерот. Во иднина потребно е да се вложи труд и да се работи на задржување на уникатноста, свежината и иновативноста на соработката.
Одличните искуства до сега, треба да претставуваат пример и за другите земји од регионот да ги искористат можностите и просторот кој го имаат да остварат слични соработки со што би имал корист и поширокиот регион.
На крајот, Државниот секретар Блажеска се заблагодари на сите кои досега биле вклучени во остварувањето на соработката на сите новоа меѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија.