Новости
петок, 13 март 2015 14:06
Во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот, Секретаријатот за европски прашања во соработка со австриската амбасада одржаа настан во рамки на проектот “Европската Унија во Македонија – Кафе пауза со Австриската Амбасада”
На овој настан ученици, граѓани, вработени во СЕП, претставници на амбасадите на земјите членки на ЕУ, и претставници на медиумите, својата кафе пауза ја поминаа заедно во меѓусебен неформален разговор со австрискиот амбасадор Томас Михаел Баер, и Вицепремиерот за европски прашања д-р Фатмир Бесими, во амбиент на прекрасната австриска класична музика, незаборавните пејсажи и вкусот на познатата австриска штрудла.
Основната цел на овој настан е промовирање и приближување на вредностите на ЕУ и нејзините земји членки до граѓаните на Република Македонија.
Вицепремиерот Бесими истакна дека вклучувањето на амбасадите - амбасадорите на земјите членки на ЕУ во реализација на идните промотивни настани е уште една потврда дека тие се наши вистински пријатели и дека искрено ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Проектот "Европската унија во Република Македонија" е дел од ЕУ Агендата 2014 и 2015 на Секретаријатот за европски прашања и ќе се спроведува во соработка со амбасадите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија.