Новости
среда, 11 март 2015 15:50
Секретаријатот за европски прашања во насока на реализирање на ЕУ Агендата 2015, со цел подобрување на квалитетот во процесот на пристапување во Европската Унија , водејки се од начелата на инклузивност и трaнспарентност во своето работење отпочна со дебатен циклус “ЕУ разговори” (EU Talks).
Темата на денешната прва дебата од циклусот беше“ЕУ останува нашиот приоритет“.
Дебатата отвори можност за размена на мислења и ставови во поглед на aктуелни теми од дневно политички карактер, како и теми кои се од стратешки, долгорочен интерес за Република Македонија.
Од страна на присутните дебатата беше оценета како позитивен пример за отворање на конструктивен и инклузивен дијалог помеѓу креаторите на јавното мислеење и претставници на Секретаријатот за европски прашања.
Она за кое сите беа согласни е дека ЕУ обил е и ќе остане нашиот приоритет, тоа никој во изминатите години, ниту денес не го довел во прашање.
Учесници на дебатата беа угледни претставници на граѓанскиот сектор и академската заедница, а истата беше водена од страна на Заменикот претседател на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими со вклучесност на стручни претставници од Секретаријатот за европски прашања.
ЕУ разговорите, имаат за цел, преку отворена, стручна и конструктивна дебата, помеѓу различни општествени чинители на актуелни теми и прашања, да придонесат кон калибрирање на заеднички ставови, насоки и предлози кои може да водат кон решенија.
ЗПВРМ Бесими и Секретаријатот за европски прашања, ќе организираат и ќе бидат домаќини на серија дебати, под насловот, ЕУ Разговори во текот на 2015 година, со вклучување на истакнати политичари, функционери, универзитетски професори, претставници на бизнис заедницата, претставници на невладиниот сектор, новинари и други активни и влијателни личности од нашето општество.
На денешната дебата беа најавени следните во доменот на економските перспективи, родовата еднаквост, човековите права и ЕУ Фондовите.