ИПА 2014 - 2020
Секретаријатот за европски прашања го достави Годишниот извештај за спроведување на помошта за ИПА II за 2020 година до Европската Комисија, Делегацијата на Европска Унија, Ревизорско тело за следење на ИПА и Министерството за финансии. Извештајот беше подготвен од страна на НИПАК Секретаријатот во соработка со Националниот Координатор за Авторизација (НАО), Управувачката структура, Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) како и ИПА координаторите од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа, Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии. Истиот се доставува секоја година и претставува важен документ за следење на спроведувањето на помошта за ИПА II како и статусот на имплеметација на програмите под директно и индиректно управување на вкупно 11 идентификувани сектори. Прикачениот документ е резиме со осврт на целите на Индикативниот Стратешки документ на Република Северна Македонија и скратен преглед на предизвиците на секторите: реформа на јавна администрација, управување со јавни финансии, правда, внатрешни работи, животна средина и климатски промени, транспорт, конкурентност и иновации, земјоделство и рурален развој, образование вработување и социјални политики, локален и регионален развој и интеграција на ромите.
Годишниот извештај за спроведување на помошта за ИПА II за 2020 година