ИПА 2014 - 2020
четврток, 12 ноември 2020 12:07
Отворен е повикот за проекти преку ИПА програмата за меѓугранична соработка
Третиот повик за проекти преку ИПА пограмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во периодот за 2014-2020 е отворен.
Реони кои се вклучени во Програмата се:
- Во Република Северна Македонија: регионите Пелагонија, Полог, Југозапад
- Во Република Албанија: регионите Дибра, Елбасан, Корча
Потенцијалните апликанти се охрабруваат електронски да ги поднесат своите апликации за Програмата. Онлајн поднесувањето преку PROSPECT е задолжително за овој повик за понуди до 15/02/2021. Повикот ќе биде отворен за следните тематски приоритети за Програмата:
- Приоритет 1: Унапредување на туризам, културно и природно наследство
- Приоритет 2: Зајакнување на конкурентност, бизнис, трговија и инвестиции
- Приоритет 3: Заштита на животната средина, промовирање на адаптација на климатски промени и миграција, превенција на ризик и менаџмент.
Износот распределен за третиот повик за проекти изнесува 4,930,000.00 евра, финансии од ЕУ.
Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и ЗТС Струга ќе организираат 4 информативни сесии преку ZOOM, со цел да понуди детални информации и совети за подготовката и пиднесувањето на апликации.
Повеќе информации се достапни на следниот линк:
https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/
На следниот линк се објавени прашањата и одговорите во врска со третиoт повик за проектни предлози во рамки на ИПА II Програмата за преку - гранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија 2014 - 2020:
webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm
Повик/натпревар за студенти за избор на апликации за подготовка на истражувачки трудови за спроведување проекти финансирани од ИПА Програми за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија ИПА I (2007-2013) и ИПА II (2014-2020)
Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, како Оперативни структури на ИПА II програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија 2014-2020, во рамките на оваа програма на 12. март 2021 година објавија натпревар за студенти, за избор на апликации за подготовка на истражувачки трудови за спроведување проекти финансирани од ИПА Програми за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија ИПА I (2007 - 2013 ) и ИПА II (2014-2020).
Крајниот рок за доставување на пријавите е до полноќ по средноевропско време на 1. мај 2021 година.
Линкови: