Новости
петок, 27 февруари 2015 13:00
Секретаријатот за европски прашања денес беше домаќин на група ученици од Quality Schools International. Станува збор за ученици од 11 до 17 годишна возраст од различни земји, кои заедно со нивните семејства живеат во Македонија.
За време на нивниот престој во СЕП учениците се сретнаа со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, каде имаа можност да дискутираат за европските аспирации на Република Македонија, важноста и предизвиците кои земјата ги соочува во процесот на интеграција како и за други прашања од нивен интерес.
“Диверзитетот во оваа група и вашата поврзаност со Македонија ќе допринесе за посилна врска со нашата земја што ќе ве направи идни амбасадори на Република Македонија” им порача Вицепремиерот Бесими на учениците.
По завршувањето на дискусијата учениците имаа можност да ги посетат просториите на СЕП а воедно и да се запознаат со работата на секторите во Секретаријатот.