Новости
понеделник, 19 јануари 2015 14:09
Денес, (19.01.2015) заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, престојува во работна посета на Велика Британија каде што оствари средби со министерот за Европски прашања на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, г. Дејвид Лидингтон, со претставници на Групата за соработка со Македонија при Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, предводена од претседавачот на групата Карен Лумли, како и со г. Јан Кернс, директор и ко-основач на Европската Лидерска мрежа.
На средбата со Министерот за европски прашања на Велика Британија, Лидингтон се разговараше за процесот на интеграција на Република Македонија, како и за последните постигнувања на земјата во однос на членството во Европската Унија, при што Бесими потенцираше дека Евро-атлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет за нашата држава и граѓаните на Република Македонија. Важно е што Република Македонија има препорака за започнување на преговорите и во исто време треба да се работи на препораките од Извештајот на Европската Комисија во однос на реформите во судство, независноста на медиуми и слободата на изразување, политичкиот дијалог, меѓутеничките и добрососедските односи. Тоа ќе придонесе за создавање на добра основа за започнување на официјалните преговори со ЕУ.
На состанокот се разговараше и за последните економски и безбедносни случувања во регионот, како и значењето на забрзување на процесот на европска интеграција на Западен Балкан.
Вицепремиерот Бесими истакна дека соработката меѓу Република Македонија и Велика Британија се карактеризира со отворен и конструктивен дијалог и со континуирано продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Исто така, истакна дека ја цениме поддршката во однос на напорите за интеграција на земјата во ЕУ, како и стратешкото партнерство со Велика Британија, и се надеваме на плодна соработка во иднина.
На средбите се разговараше и за билатералната соработката помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, како и поддршката која Македонија ја добива од Велика Британија во однос на процесот на интеграција особено во делот на реформа на јаваната администрација.
Вo текот на денешниот ден, вицепремиерот Бесими ќе има предавање и интервју на Лондонската школа за економија на тема“ Земјите од Западен Балкан во Европската унија: мисијата да биде завршена.“