Новости
четврток, 15 јануари 2015 15:15
Државниот секретаријат за европски прашања на Република Франција во името на Владата и на францускиот народ упати благодарност до Секретаријатот за европски прашања и државниот врв за изразената поддршка и солидарност.
Во писмото упатено од страна на Државниот секретар за европски прашања г. Арлем Дезир до Вицепремиерот Бесими стои “ Франција е погодена во срце, но Вашето сведоштво ни покажа денес дека сите бранители на демократијата се чувствуваат погодени, засегнати и мобилизирани... Терористите, денес во Франција, како порано на други места низ Европа и светот, сакаат да не заплашат и да не разделат. Затоа ние треба, напротив, да застанеме исправени и да одбиеме да отстапиме од нашите слободи, да ја засилиме уште повеќе заедничката борба против тероризмот и да ги обединиме нашите земји и општества против омразата и варваризмот, околу заедничките демократски вредности и толеранцијата.“
Покрај пратеното писмо за сочувство Вицепремиерот Бесими во понеделникот на 12.01.2015 година се потпиша и во книгата на жалост, отворена во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија каде запиша“ Најдобриот свет за нас е оној кој го живееме заедно. Заедно за слобода. Заедно за толеранција.“