Новости
среда, 17 декември 2014 14:30
Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и Директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) г-дин Џејмс Макбет Форбес го потпишаа Договорот за имплементација на македонско-германската билатерална соработка, Проект кој веќе една година го подржува Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во процесот на приближување на земјата кон ЕУ и подготвување на земјата за започнување на преговорите за членство.
Вкупниот буџет на Проектот е 1 милион евра а времетраењето на спроведување на истиот е две години. Зајакнувањето на координативната улога на СЕП во спроведувањето на реформите преку надлежните министерства претставува главна цел на проектот, додека на фокус се реформите во администрацијата, судството, фундаменталните права, безбедноста и правдата.
Вицепремиерот Бесими на средбата истакна дека европската интеграција на земјата претставува главен стратешки приоритет на Владата на Република Македонија и воедно додаде дека ваквата поддршка е значајна за одржување и помагање на реформскиот процес во нашата земјата. Тој изрази благодарност до германските партнери кои веќе во континуитет ја поддржуваат Република Македонија на патот кон Европската Унија.