Новости
понеделник, 17 ноември 2014 12:54
Во Собранието на Република Македонија пред Комисијата за европски прашања се оддржува дво дневна Јавна расправа на тема „ИПА 2 (2014-2020) Перспективи и можности за искористување“
Во рамки на денешниот Панел „Во пресрет на ИПА 2 – Перспективи и можности за Република Македонија“, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Национален ИПА координатор д-р фатмир Бесими имаше свое обраќање.
Во рамки на обраќањето Вицепремиерот Бесими истакна дека Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 или познат како ИПА 2, е цврст доказ за партнерството и силната поддршка која Република Македонија ја добива од страна на Европската Унија. Зголемувањето на поддршката за ИПА 2 во поглед на ИПА 1 е уште еден аргумент за истата. Доколку ИПА 1 (2007-2013) изнесуваше 614,5 милиони евра, вклучувајќи ја и пограничната соработка, ИПА 2 за Република Македонија изнесува 664,2 милиони евра, а во рамки на прекуграничната соработка дополнителни средства ќе се користат од регионалниот фонд за развој на ЕУ – истакна Бесими.
Во изминатиот период Владата на Република Македонија и државните институции активно работеа во насока на креирање на Националниот стратешки документ ИПА 2, а со цел постигнување на поголема инклузивност и транспарентност на процесот во креирањето на Националниот стратешки документ беше вклучен и граѓанскиот сектор.
Со овој инструмент на Република Македонија ќе и бидат на располагање вкупно 664,2 милиони евра за реализација на конкретни и стратешки приоритети од повеќе области меѓу кои демократија и владеење, владеење на правото и човекови права, животна средина и климатски акции, транспорт, конкурентност и иновации, образование, вработување и социјални политики, хоризонтални механизми за меѓу-институционална соработка, земјоделство и рурален развој.
Во рамки на приоритетот демократија и владеење во следните седум години ќе бидат алоцирани 122,9 милиони евра, за владеење на правото и човековите права 83 милиони евра, за животна средина и климатски акции 112,9 милиони евра, за транспорт 112,9 милиони евра, за конкурентност и иновации 73 милиони евра, за образование, вработување и социјални политики 53 милиони евра и 106,3 за земјоделство и рурален развој.
На крајот на своето излагање Вицепремиерот истакна дека од страна на Секретаријатот за европски прашања во насока на постигнување на што поголема транспарентност и инклузивност во наредниот период ќе се посвети особено внимание во делот на координирана комуникација со институциите, единиците на локална самоуправа, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и широката јавнос во насока на поголема искористеност на европските фондови.