Новости
четврток, 06 ноември 2014 14:38
Денеска во просторијата на МК-ЕУ Инфо центарот, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Италијанската амбасада го одржаа првиот од серијата настани во рамки на проектот, “Европската Унија во Македонија - Кафе пауза со Италијанската амбасада”.
На настанот присуствуваа младинските организации, граѓаните, вработените во СЕП, амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставниците на медиумите, кои имаа можност да се дружат со Заменик Претседателот за европски прашања д-р Фатмир Бесими и Италијанскиот амбасадор г-дин Ернесто Белели, кој воедно ги запозна присутните со вредностите, традицијата и културата на Италија.
Секретаријатот за европски прашања и Италијанската амбасада одлучија својата кафе пауза да ја поминат во знакот на италијанската музика, кафе и вкусот на италијанската храна.
Основсната цел на настанот е приближување на вредностите на ЕУ и нејзините земји членки до граѓаните на Република Македонија, вклучување на младите во промовирањето на вредностите на ЕУ, можноста на секој граѓанин за вклучување како и поблиска неформална соработка со претставниците на медиумите.
Вицепремиерот Бесими истакна дека вклучувањето на амбасадите - амбасадорите на земјите членки на ЕУ во реализација на идните промотивни настани е уште една потврда дека тие се наши вистински пријатели и дека искрено ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Проектот "Европската Унија во Македонија" ќе се спроведува во соработка со амбасадите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија, каде што промотивните настани ќе бидат организирани за секоја земја членка на ЕУ засебно, еднаш во месецот.