Новости
вторник, 04 ноември 2014 17:24
Денеска, 4 ноември 2014 година, претставници од Министерството за европска интеграција на Република Косово, престојуваа во работна посета на Секретаријатот за европски прашања. Целта на оваа посета беше размена на искуства и практики на работење во делот на подготовката на националната верзија на acquis.
При посетата се дискутираше за организационата поставеност на Секторот за подготовка на национална верзија на acquis при Секретаријатот за европски прашања, искуството на Република Македонија за процесите, потребните човечки ресурси и соработката со други релевантни институции во земјатата и практиките што се применуваа во изминатите 14-тина години на полето на подготовка на националната верзија на acquis.