Новости
среда, 22 октомври 2014 17:28
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денес во просториите на Владата на Република Македонија ја одржа триесет и четвртата седница на Работниот комитет за европска интеграција (РКЕИ).
На состанокот присуствуваа државните секретари на институциите, Генералниот секретар на ВРМ, Секретарот на Секретаријатот за законодавство, Секретарот на Агенцијата за администрација, раководителите на работните групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) како и директорите на институциите кои се носители/вклучени во поглавјата по кои се врши процесот на усогласување на законодавството.
Седницата беше посветена на наодите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година и на Информацијата за почетокот, начинот и временската рамка за ревизија на Националната програма НПАА за 2015 година.
Вицепремиерот Бесими истакна дека важно е што и во овој Извештаj, Европската комисија по шести пат ја потврдува препораката Република Македонија да започне преговори за полноправно членство во Европската Унија.
Извештајот дава слика за остварениот напредок но исто така содржи и препораки за областите во кои се потребни дополнителни реформи, кои претставуваат основа за идентификување на приоритетите на кои ќе се фокусираме во претстојниот период:политичкиот дијалог, подобрување на слободата на изразување и слободата на медиумите, унапредување на независноста и компетентноста на судството, меѓуетничките односи, реформата на јавната администрација итн.
Посебен нагласок ќе биде ставен на подобрување на економските критериуми, особено во рамките на отпочнување на дијалогот со Европската комисија за економското управување.
На крајот ЗПВРМ нагласи дека оперативното значење на Извештајот во наредниот период ќе се преточи во мерки и активности кои ќе бидат дел од најавената ревизија на НПАА 2015.