Новости
понеделник, 18 март 2013 09:51
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи вчера се сретна со Генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската Унија, Стефано Санино.
За време на средбата се разговараше за наредните предизвици на Република Македонија во процесот на европската интеграција на земјата при што соговорниците се согласија дека последните заклучоци на Советот на Министри на ЕУ се од суштинско значење за овој процес.
Вицепремиерот Арифи информираше и за тековните активности кои се преземаат од страна на нашата земја во однос на рамката на активности поставена од Советот на министри на ЕУ чие исполнување ќе придонесе за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.