Новости
среда, 24 септември 2014 15:12
Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија со поддршка на Британската амбасада во Скопје денеска ги промовираа условите, можностите и придобивките од Чивнинг стипедниите, со што беа одбележани 20 години од оваа стипендија во Македонија и 30 години на глобално ниво.
Британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет истакна дека Чивнинг стипедиите се можност за студирање на одлични факултети во Велика Британија со што студентите стануваат членови на меѓународна мрежа на стипендии.
Стипендиите Чивнинг се целосни, ја покриваат школарината, сместувањето и другите трошоци во Британија. Досега од Македонија испратени се околу 140 студенти, стипендисти, а на глобално ниво доделени се околу 42.000 стипендии во разни полиња од политика и бизнис до култура и дизајн, рече Гарет.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој е Чивнинг стипендист од 2007 година нагласи дека Чивнинг програмата е одлична можност за младите во Република Македонија за стекнување образование во реномирани светски универзитети, но и за запознавање и соработка со различни култури на млади од целиот свет. Студентите, како што појасни, имаат можност за размена на идеи, мотивација за иднина, да учат од најнова литература, најовите трендови во теоријата и практиката на светско ниво, како и отвореноста на критичното мислење.
Ве едуцира да бидете подготвени на надворешни критики и аргументи да ги заштитте, односно браните и промовирате вашите идеи. Тоа поминува во еден процес на отворенос, фер, конструктвен и професионален пристап, доаѓате со стекнување на поголема самодоверба за тоа што го правите. Тоа придонесува не само за лична кариера, туку и пошироко во општеството за подобрување на животот и значењето од тоа дело, како и за создавање напредно и здраво општество во земјата од каде доаѓате. Чивнинг стипендиите даваат дополнителна вредност кај младите и се прави мост на долгорочна соработка меѓу Македонија и Велика Британија, подвлече Бесими.
Во однос на личното искуство, вицепремиерот за евроинтеграции рече дека му помогнало во развојот и унапредувањето на професионалните аспекти во економијата, финансиите и банкарството.
Имав можност да бидам на високи професионални задачи и институции во Република Македонија и во странство како што беше Светска банка, но и во полтичкит живот и полтичкото делување, додаде Бесими.
Претседателот на македонската Чивнинг Алумни асоцијација Ана Мешковска, која е стипендист на менаџмент и организациски иновации во 2012 година, истакна дека едногодишните студии во Обединетото Кралство и ги промениле перспективите од сите аспекти во животот, но и овозможиле и контакти со студенти од целиот во свет.
Концептот на образование во Велика Британија е сосема различен на концептот на кој сме навикнати тука. Основата е критично размислување, кое во нашата земја се уште не е толку развиено, а мислам дека е неопходно за соодветен развој на една земја во сите сфери, рече Мешковска.
Кај македонските студенти, според неа, постои интерес за Чивнинг стипендиите.
Во земјава постои квалитетен кадар кој може да ја добие стипендијата, да размени искуство со студенти од различни сфери, размена на искуства и да се вратат со нова перспектива и со нови знаења, да го искористат целосно својот потенцијал, а потоа и за развој на Република Македонија, нагласи Мешкова, додавајќи дека тројца студенти неодамна заминале за Англија, а конкурст за аплицирање е до 15 ноември.
Извор: МИА