Новости
понеделник, 18 март 2013 09:45
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи денеска се сретна со амбасадорот на Ирска Оливер Гроган.
На средбата вицепремиерот Арифи се осврна конкретно на активностите кои што се поврзани со акцискиот план за исполнување на обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво, со што Македонија отвори една нова страница во насока на приближување на земјата кон ЕУ.
Вицепремиерот Арифи, исто така истакна дека членството во ЕУ останува стратешки приоритет на земјата и во таа насока ќе се продолжи со спроведувањето на неопходните реформи.
Амбасадорот Гроган ја поздрави посветеноста на државните институции во процесот на европска интеграција и истакна дека е неопходно да се задржи позитивниот пристап, со цел Македонија повторно да добие позитивни оценки во пролетниот извештај на Европската комисија. Тој исто така нагласи дека Ирска како претседавач во ЕУ ја поддржува политиката на проширување и интеграцијата на Македонија во ЕУ.