Новости
среда, 10 септември 2014 12:48
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес оствари средба со новиот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е.Јацек Мултановски.
На почетокот на средбата вицепремиерот му честиташе на амбасадорот за новата функција, како и за изборот на премиерот на Полска, Доналд Туск за претседател на европскиот совет.
Посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат, вицепремиерот Бесими разговараше за процесот на интеграција на Република Македонија, како и за последните постигнувања на земјата во однос на членството во Европската унија, при што Бесими потенцираше дека европската интеграција останува стратешки приоритет за нашата држава и граѓаните на Република Македонија.
Полскиот амбасадор Мултановски, истакна дека Република Полска силно се залага за проширување на Европската унија и ќе продолжи да ја подржува Република Македонија на овој пат, потенцирајќи дека стојат на располагање за размена на нивното искуство во имплементирањето на реформите и исполнувањето на критериумите од Европската унија.
Двајцата соговорници истакнаа дека добрите билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска и понатаму ќе продолжат а исто така ќе се работи на продлабочување на соработката во областа на културата, образованието, науката, здравството, судството и владеењето на правото кои претставуваат главен двигател на земјата кон ЕУ.