Новости
вторник, 09 септември 2014 12:15
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска се сретна со новиот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. г-дин Петрит Бушати.
Вицепремиерот му честиташе на новиот амбасадор за неговото именување и ја искористи можноста да му честита и добивањето статус на земја-кандидат за членство во Европската унија.
Соговорниците разговараа за одличната соработка која ја имат двете држави како и за последната посета на вицепремиерот Бесими во Албанија, каде се разгледаа можностите за зајакнување на досегашната соработка со поконкретни иницијативи во насока на размена на искуства и капацитети на неколку области како што се областа на евоинтеграцијата и ИПА фондовите, формирање и средби на работни групи на техничко ниво, воспоставување на практика на регионална соработка со заеднички регионални иницијативи како и формализирање на оваа соработка со потпишување на Меморандум за Соработка.
На состанокот се потенцираше дека Евроатлантската перспектива е клучна за стабилноста и развојот на регионот.