Новости
понеделник, 18 март 2013 09:43
По покана на минстерката за евроинтеграции на Република Албанија, Мајлинда Брегу, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Теута Арифи денеска престојуваше на официјална посета во Република Албанија.
За време на средбата со министреката Брегу се разговараше за унапредувањето на евроинтеграциските процеси преку продлабочувањето на билатералните односи на двете земји во повеќе полиња , и можностите за нејзино унапредување, особено преку размена на искуства за процесот на евро интеграција. Министерката Брегу истакна дека добрососедските односи и регионалната соработка се клучни елементи на забрзување на процесот на европската интерација на земјите на регионот.
„ Кога регионот ќе стигне до крајната дестинација зависи од нашиот капацитет за спроведување на европските стандарди кои се дел од нашето национално законодавство која го опфаќа владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, почитувањето на човековите права и слободи, одржливата регионална соработка, економските реформи, развојот на силен невладин сектор и одговорни влади кои им служат на интересите на своите граѓани„ истакна Арифи на прес конференцијата која беше одржана во просториите на Министерството за евроинтеграции на Република Албанија.
За време на посетата Арифи оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и премиерот Сали Бериша. Во текот на средбите се разговараше за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија како и последните случувања во евроинтеграциските агенди на двете земји при што соговорниците се согласија дека оваа година Советот на Министри на ЕУ донесе важни заклучоци кои го ориентираат понатамошното движење на земјите од Западен Балкан во процесот на европската интеграција.