Новости
понеделник, 18 март 2013 09:39
Вчера, на 19.02.2013 година, Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими, на официјалното примо-предавање ја презеде функцијата од досегашниот Заменик на Претседател, д-р Теута Арифи.
Арифи го информираше Заменик Претседателот Бесими за активностите во процесот на Евро-интеграциите кои беа преземени изминатиот период и планираните краткорочни и долгорочни активности кои треба да се реализираат со цел задржување на динамиката на реформските процеси.
Заменик Претседателот Бесими и се заблагодари на г-ѓа Арифи за досегашната работа и за нејзината посветеност, додавајќи дека ќе продолжи со интензивната работа, заедничкото залагање и меѓусебното почитување за да се надминат предизвиците кои постојат на патот кон постигнувањето на стратешките цели на Република Македонија, а тоа се Евроатлантските Интеграции.