Новости
понеделник, 07 јули 2014 15:33
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска (07.07.2014) присуствуваше на седницата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија каде се презентираше Програмата и приоритетите за работа на Италијанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2014 година од страна на Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели.
Вицепремиерот Бесими му упати честитки на Италијанскиот амбасадор за Претседавањето на Република Италија со Советот на Европската унија и посака Република Италија успешно да ги реализира зацртаните приоритети особено во однос на процесот на проширување на Унијата и интеграција на земјите од регионот.
“Особено важно е проширувањето која е една од приоритетите на Европа. Интеграцијата на Република Македонија останува стратешки приоритет, a европските процеси имаат подршка од целосниот политички спектар вклучувајќи ја и опозицијата. Македонија продолжува да работи на приоритетите кои произлегуваат од извештајот за напредокот и заклучоците на Европскиот Совет каде приоритет се реформите во судство и независно судство и зајакнување на довербата во институциите, човекови права, слобода на изразување, добри меѓуетнички односи како и добри соседски односи.” изјави вицепремиерот Бесими.
Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели информираше дека Италија ќе го води Претседателството под мотото „Европа, нов почеток“ и ги презентираше нејзинитие приоритети кои ќе поставени на три столба: Поттикнување на економскиот раст и вработеноста, ЕУ како област на демократија, права и слобода и Улогата на ЕУ во глобални рамки.
Амбасадорот воедно истакна дека политиката на проширување останува стратешки приоритет и основно средство за промовирање мир, демократија и безбедност во Европа. ЕУ треба да да демонстрира кредибилитет и јасна заложба кон процесот на проширување, со цел да ги мотивира земјите кандидати и потенцијални кандидати да ги преземат сите неопходни чекори кон остварување на напредок во процесот на пристапување.
На својот говор амбасадорот Белели ја потенцираше и подготвеноста на Италија за поддржување на Република Македонија во процесот на исполнување на Европските критериуми и на нејзиниот пат кон пристап во Европсата Унија.
На крајот Бесими ја потенцираше успешната традиција на одлична меѓусебна соработка помеѓу Република Македонија и Република Италија, која континуирано се унапредува и дели заедничка визија за членство на Република Македонија во Европската Унија.