Новости
петок, 04 јули 2014 17:12
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска се сретна со Претседателот на Европската Бизнис Асоцијација г-дин Глигор Бишев и со Извршниот Директор г-дин Димитар Ристовски.
На средбата се разговараше за перспективите на идната соработка помеѓу Секретаријатот за Европски Прашања како и Европската Бизнис Асоцијација во аспект на искористување на европските фондови, реформите во регулативата како и размена на искуства од европски компании инвеститори во Република Македонија.