Новости
вторник, 06 мај 2014 12:30
Во рамки на активностите за одбележување на Денот на Европа - 09 мај, а како континуитет на веќе одржаните состаноци, денес заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими се сретна со Форумот на поранешни вицепремиери за европски прашања, кој претставува одлична можност за размена на мислења, идеи и искуства.
На состанокот присутните заеднички ја истакнаа Европската интеграција како важен приоритет за Република Македонија а во таа насока и цврстата определба на земјата за што поскора интеграција во ЕУ.
Воедно, на оваа средба се искористи можноста за информирање на поранешните вицепремиери за статусот на реформскиот процес предвиден според Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), искористеноста на ИПА, како и за подготовките на ИПА 2014-2020.
На Форумот се дискутираше и за актуелните случувања во регионот и процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и политичките и економски движења во Европа.