Новости
петок, 21 март 2014 15:03
Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р. Фатмир Бесими оствари работна средба со Н.Е. Цуи Живеи - Амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, чиј мандат истекува во текот на месец април.
Состанокот се одржа во чест на одбележување на плодната и пријателска соработка, која ја остварија двете држави во изминатиот период , но и заедничката желба за продолжување и продлабочување на истата, за што во знак на потврда беше разменет и Меморандум за соработка преку кој НР Кина на Република Македонија ќе и додели средства во висина од 20 милиони јуани (2.5 милиони евра).
Во досегашната билатерална и проектна соработка која започна во 2007 година, реализирани се повеќе проекти и студиски посети во рамките на договорите за економска и техничка соработка на двете земји. Заклучно со 2013 година потпишани се договори во висина од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси и друго.