Новости
понеделник, 24 февруари 2014 16:27
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска имаше обраќање на “Отворен ден на Евро-атлантскиот Совет на Македонија“ преку кој се промовираше сработеното во изминатиот период во доменот на евро-атланстките интеграции и се најавија новите идеи и проекти планирани за наредниот период.
Бесими во своето обраќање зборуваше за значењето на Евро-атланстките интеграции на нашата држава, за заложбата на нашите граѓани и Владата на Република Македонија во исполнувањето на критериумите дадени од ЕУ и НАТО како и придобивките од полноправното членство на нашата земја во евро-атлантскикте структури. Според Бесими процесот на реформи и приближување на земјата кон НАТО и ЕУ не е едноставен, туку е полн со предизвици кои треба заеднички да ги надминеме.
Бесими исто така зборуваше и за последните реформи направени во областа на владеењето на правото и почитувањето на фундаменталните човекови права ,бидејќи, како што рече тој, тие се основните принципи кои ги споделуваат НАТО и ЕУ.
Тој истакна дека ЕУ и НАТО претставуваат заеднички интерес на сите граѓани на Македонија без разлика на нивната вера и националност, опишувајќи ја нашата држава како заедничка куќа на сите граѓани каде темелот го сочинуваат добрите меѓуетнички односи, а покривот кој ќе ја штити Македонија се НАТО и ЕУ, додека просперитетот, стабилноста и развојот се столбовите за кои треба да се грижат сите граѓани на Република Македонија.
Вицепремиерот Бесими ја поздрави денешната активност на невладината организација Евро-атлантски совет на Македонија, која како членка на Атлантската Асоцијација (АТА) остварува широка меѓународна соработка во самата АТА, со нејзините членови, националните организации како и структурите на НАТО и ЕУ.