Новости
четврток, 23 јануари 2014 15:00
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари работна посета на Кралството на Шпанија каде се сретна со Претседателот на шпанскиот Сенат, Пио Гарсија Ескудеро, Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо и Марфил, како и со претседателот на Конгресот, Хесус Мариа Посада Морено.
На средбите вицепремиерот Бесими зборуваше за прогресот на Република Македонија во реализирањето на барањата од Европксата Комисија и добивањето на препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ, по петти пат оваа година, Бесими рече дека ова е еден показател за посветеноста на земјата во исполнувањето на условите за членство во Унијата.
Вицепремиерот Бесими истакна дека Република Македонија е посветена на градењето и негувањето на добрососедските односи. Во случајот на отвореното прашање со Република Грција, тој додаде дека е потребно поголемо ангажирање на двете страни и вклученост на меѓународната заедница со цел што побрзо постигнување на взаемно прифатливо решение меѓу двете земји, со што би и се отворил патот на Република Македонија за започнување на преговорите со Унијата. Тое е во корист на целиот регион и ЕУ.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо и Марфил, истакна дека Шпанија е поддржувач на евроинтеграцијата на Македонија и на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан.
Претседателот на Шпанскиот Сенат, Гарсија Ескудеро во врска со ристапниот Диалог на Високо Ниво (ХЛАД) рече дека преку оваа алатка Република Македонија, во преиодот додека се реши отвореното прашање за името, нема да има застој, туку ќе работи во реализирањето на реформите за пристап кон ЕУ.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо и Марфил, и претседателот на Конгресот, Хесус Мариа Посада Морено на средба со вицепремиерот Бесими ја истакнаа потребата за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и негувањето на добрите билатерални односи преку размената на искуствата од областа на културата, образованието, судството, борбата против корупцијата и користењето на Европските фондови.
Бесими на средбите истакна дека за Република Македонија посебно е значајно добивањето на подршката на Шпанија како и на другите земји членки на Унијата за прогресот на земјата во евроатлантските интеграции.