Новости
понеделник, 13 јануари 2014 13:43
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска оствари работна среба со Министерот за правда Блерим Беџети на која се дискутираше за статусот на реализација на клучните приоритети во процесот на интеграција на земјата во Европска унија кои се во надлежност на Министерството за правда.
За време на сосотанокот посебен акцент беше ставен во неопходноста за понатамошно реализирање на реформите во правосудството и превземањето на следните чекори кон реализација на критериумите дадени од Европската Унија. Се истакна важноста што ја има Академијата за судии и јавни обвинители во обучувањето и унапредувањето на стручноста на идните судии и јавни обвинители, потребата за ревизија на системот за оценување на судиите како и правните основи за изрекување на дисциплински постапки и разрешување на судии. Се разговараше и за неопходноста за превземање мерки со цел привлекување на повеќе кандидати во Академијата за судии опфаќајќи ги тука и припадниците на немнозинските заедници како и јакнењето на капацитетите на јавното обвинителство.
Во однос на борбата против корупцијата беа разменети гледишта во однос на мерките кои се планираат за обезбедување на т.н. “досие на случаи“ на борба против корупција, примената на одредбите за финансирање на политичките партии и јакнењето на капацитетите за превенција на корупцијата.
Во делот на слободата на изразвување и медиуми, беше искажано очекувањето за продолжување на обуката на судии кои работат на случаи на клевета и навреда и приментата во судската пракса на членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Вицепремиерот Бесими стави акцент и на ппрепораките од Извештајот на Европската комисија во однос на фундаменталните човекови права .
Вицепремиерот Бесими и министерот Беџети дискутираа и за измените на изборното законодавство и степенот на реализација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, особено во однос на раздвојување на државата од партијата, транспарентноста на финансирање на изборната кампања и континуираното пречистување на изборниот список. Двајцата соговорници ја искористија средбата и за преглед на законите и подзаконските акти од надлежност на министерството предвидени со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2014 година.
На состанокот вицепремиерот Бесими ја подвлече важноста од максимално користење на ИПА фондовите за имплементација на проекти значајни во реформата на судскиот систем. “Преку Инструментот за пред пристапна помош (ИПА) се обезбедува значителен придонес за зајакнување на независноста и ефиканоста на судството, а покрај Министерството за правда крајни корисници на помошта од ИПА до сега беа и Управниот суд, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет на РМ, Советот на Јавните обвинители на РМ, Управата за извршување на санкции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавните обвинителства и сите други правосудни институции“ – истакна Бесими.