Новости
среда, 18 декември 2013 15:25
Секретаријатот за Европски Прашања (СЕП) со благодарност го признава фактот дека земјите членки на Европската Унија го делат погледот на Европската Комисија дека пристапните преговори со Македонија треба да бидат отворени.
СЕП го поздравува заклучокот на Советот на Европската Унија дека Македонија доволно ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ и дека Пристапниот Дијалог на Високо Ниво (ХЛАД) ќе продолжи да ги решава идентификуваните реформи, вклучувајќи и спроведувањето на политичкиот договор на 1-ви Март како и отворените прашања со нашите соседи. Како што е цитирано во заклучоците на Советот, ХЛАД веќе придонел во повеќето области на политиката, вклучувајќи и намалувањето на судскиот застој и напорот на земјата против организираниот криминал.
Сепак, ние жалиме за одлуката на Советот да не ја прифати препораката на Европската Комисија за започнување на преговорите со Македонија за петти пат по ред бидејќи не бил постигнат консензус од страна на сите земји членки.
“Иако не е замена за започнување на преговорите, Пристапниот Дијалог на Високо Ниво (ХЛАД) е важна платформа за Македонија да продолжи во нејзиниот пат кон Европската интеграција,” објаснува д-р Фатмир Бесими, заменик Претседател на Владата на Република Македонија задолжен за Европски Прашања, “Владата на Република Македонија ја предвидува работата што претстои, го поздравува финансискиот ангажман на ЕУ во Македонија преку Инструментот за Претпристапна Помош (ИПА) за 2014-2020 и се заложува за Евро-интегративната агенда и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи артикулирани во заклучоците на Советот ”
Како што е веќе усвоен во годишниот Акциски План на Владата за 2014 година, работата ќе продолжи кон успешното спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, а дополнителни чекори ќе бидат направени за да се заштитат владеењето на правото, слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството и Стратегијата за Ромите и човекови права.