Новости
петок, 06 декември 2013 13:57
Заменик Претседателот задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денес оствари средба со г-дин Штефан Лене, поранешен австриски дипломат кој е именуван од Владата на Република Австрија за специјален пратеник за Македонија во периодот до декемврискиот Самит на ЕУ.
На состанокот со г-дин Лене се разговараше за начините како може да се користи Австриската помош во претстојниот период пред Самитот на ЕУ за процесот на европската интеграција на Македонија но и за соработката на Македонија со Република Австрија.
Во таа насока после состанокот, Вицепремиерот Бесими се обрати на тркалезна маса на тема “Отвореност и Слобода – Европска Македонија” организирана од Европскиот Форум Аlpbach, Австриската Амбасада во Скопје и Институт за Меѓународни политички студии, говорници беа австрискиот Амбасадор Н.Е. Томас Мишел Бајер, г-ѓа Петра Андерсон претставник на Делегација на Европската унија во Скопје, г-ѓа Радмила Шеќеринска и други високи гости.
“Младите што ги гледам денес тука се европските граѓани на Македонија, и како што рекол Нелсон Мандела кој за жал почина вчера „Изгледа невозможно, додека не се оствари.” (It is always impossible until it’s done), би ја користел истата мисла и за Македонија во контекст на европската перспектива. Јас искрено верувам дека ние можеме и мораме да го постигнеме тоа, да ги донесеме Европските вредности и да ја градиме Европска Македонија а со тоа и Македонија да биде дел од Европска Унија. Посветени на имплементација на ЕУ реформската агенда, отворени во унапредување на добрососедските односи и одржување на добри меѓуетнички односи да чекориме сигурно кон нашата стратешка определба за евро-атлантска интеграција со успешно надминување на сите предизвици што ни стојат во тој пат.” – изјави Заменик Претседателот Бесими во своето обраќање на тркалезната маса осврнувајќи се на промовирањето на европските вредности во нашето општество.