Новости
среда, 27 ноември 2013 09:45
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими вчера во попладневните часови оствари средба со делегација од земјите на Вишеградската група и со директорот на Меѓународниот Вишеградски Фонд г-ѓа Карла Вурстерова.
На состанокот се разговараше за можностите за соработка што ги нуди Меѓународниот Вишеградски Фонд (МВФ), кои се групираат во три програми кои се отворени за земјите од Западен Балкан и тоа проекти за граѓански НВО-сектор, отворена за сите субјекти, стипендии за магистерски и докторски студии, истражувачки програми,како и обуки за државната администрација за поглавјата од правото на ЕУ и стажирање на државни службеници во земјите на Вишеградската група.
За време на средбата јасно беше потврдена поддршката на земјите од Вишеградската Група за Република Македонија пред Декемврискиот Самит на Европската Комисија за започнување на преговори за членство на Македонија во Европска Унија.
Соговорниците разговараа и за моделот на функсионирање на Вишеградската група, и начинот на соработка која може да биде пример за соработка на земјите на регионот. Вишеградската Група позната и како Вишеград Четири или В4 ги одразува напорите на земјите од Централна Европа да работат заедно бо голем број на области од заеднички интерес во рамките на европските интеграции.